Oбјектот на фабриката „Маја“ во конкуренција за награда во САД

- Advertisement -

 

Објектот на фабриката за полнење вода „Маја” во Македонија, архитектонско дело на Александар Карангелов е во конкуренција на индустриски објекти за наградата Architizer A+ во САД, објави магазинот InSTore.mk.
После првите две селекции објектот на архитектот Карангелов е селектиран во групата на петте финалисти во категоријата индустриски објекти – фабрики.  Освен гласањето на жири комисијата се гласа и онлајн, каде проектот на Карангелов е на првото место.
Architizer A+ годишните награди во САД се одржуваат годинава по шестти пат во организација на Architizer. Учесниците се оценуваат од повеќе од 400 истакнати стручни лица од различни области како архитектура, мода, издаваштво, индустриски дизајн и др.
Наградите имаат за цел да го потсетат светот дека архтиектурата игра многу голема и важна улога со нивните дела, да потсетат и наградат простори и објекти кои архитектите ги создаваат. По објавениот конкурс и пријавување на објектите, со потребните материјали, тие беа селектирани, во различни групи објектите и дизајн.
Сподели!
- Advertisement -