Имитација на брендови: „Искрена“ форма на ласкање или безочно крадење на туѓиот труд?

- Advertisement -

Иако е позната изреката дека “копирањето е искрена форма на ласкање“, односно имитацијата на вашиот производ е своевидна потврда дека тоа што го правите е добро, сепак, иритирачки е да гледате како некој го користи вашето искуство, знаење, вложен труд во истражување и развој, за да направи сопствен производ со исти или слични карактеристики

Доколку имате добар производ или услуга, бидете сигурни дека некој ќе се обиде да ги копира. Колку што е производот побаран, поголеми се шансите да се појави некој друг што ги имитира својствата на вашиот. Иако е позната изреката дека “копирањето е искрена форма на ласкање“, односно имитацијата на вашиот производ е своевидна потврда дека тоа што го правите е добро, сепак, иритирачки е да гледате како некој го користи вашето искуство, знаење, вложен труд во истражување и развој, за да направи сопствен производ со исти или слични карактеристики.

Да направиме прво едно појаснување, дека под копирање во овој контекст се подразбира имитирање, а не процесот на размножување во повеќе примероци. Имитација или подражавање е постапка со којашто потрошувачот се доведува во заблуда околу некое од својствата на производот или услугата, а кое својство се однесува на производителот/испорачувачот на услугата. Најчести случаи се имитирање на логото, на пример SOMY наместо SONY, фонтот на буквите, боите на логото и сл.

- Advertisement -

Но, добрата работа кај имитирањето е што и понатаму сте чекор пред „конкуренцијата“. Вашиот производ се појавил пред нивниот, плус поседувате знаење за да го направите како што сте го направиле, како и за тоа што и како да се унапреди. Лошо е да верувате дека конкуренцијата ќе седи со скрстени раце.

Како да го заштитите својот бренд од имитатори/копирачи

- Advertisement -

Можеби ви е тешко да поверувате дека постојат луѓе што би копирале нечиј туѓ бизнис и себеси да се нарекуваат претприемачи. За жал, кога се пари во прашање, луѓето ќе пробаат се’ што може да им донесе некаков ќар. Ако не може многу да сторите во врска со туѓите намери и активности, тогаш може да го заштитите своето. Entrepreneur.com дава неколку совети околу оваа работа.

  1. Легално заштитете го својот производ/бренд/идеја

За да го заштитите својот производ, потребно е да го направите препознатлив , со логотип и жиг, дизајн на самиот производ и/или амбалажа, патент, или на друг начин, и таа препознатливост да ја заштитите преку надлежните институции за заштита на интелектуалната сопственост.

- Advertisement -

Исто така, употребувајте договори за тајност кога дискутирате детали за вашиот производ со вработените и сл.

  1. Направете нешто сосема уникатно

Правната заштита е во ред, но имитаторите секогаш ќе наоѓаат начини да најдат дупка во законот, или пак безочно ќе ви крадат од вашите идеи и ќе ве предизвикуваат на скапи судски процеси. Па така, подобро е да излезете со тотално уникатна идеја што практично не може да биде ископирана.

Литванскиот претприемач Аусра Банкаускаите дава совршен пример за вакво нешто. Таа дизајнира накит којшто е спомнуван и во магазини како Vogue, и се истакнува по својата оригиналност, како на пример бразлетни направени од рециклирани делови од автомобил, со мали садови полни со бензин, антифриз, масло за кочници, машинско масло, итн. Не може туку така лесно да се имитира/копира ова.

  1. Спротивставете се на копирачите

Штом видите дека некој го имитира вашиот производ, конфронтирајте се веднаш со таа личност или компанија. Не е доволно само да отрчате кај вашиот адвокат, кому што  може ќе му требаат три недели да реагира. Јавете се кај компанијата имитатор и барајте да зборувате со одговорните луѓе. Кажете им дека ќе ги преземете сите законски мерки за да го заштитите својот бизнис. Ова не значи дека тие веднаш ќе се повлечат, но барем ќе знаат со кого си имаат работа.

  1. Понудете супериорна грижа за потрошувачите

Производите лесно се копираат, барем добар дел од нив. Пластично столче може да се произведе лесно со истиот квалитет како вашето. Но, има една работа што не е лесно да се копира: извонредна грижа за потрошувачите. Пружете им го тоа и тие ќе продолжат да ви веруваат.

  1. Градете лојалност кон вашиот бренд

Колку би било прекрасно да не мора да се секирате за фалсификатори, копирачи, имитатори? Со други зборови, што ако копирачите си постојат, но не претставуваат реална закана? Ова е можно, но треба да инвестирате во нешто што се вика лојалност кон брендот.
Кога вредно работите за да развиете лојалност кон брендот низ годините, потрошувачите нема туку така да скокнат веднаш штом видат поевтина алтернатива на пазарот, лансирана од некој имитатор.

Познати судски спорови околу копирање од светот и регионот

Во светот познати се примери на меѓусебни судски спорови на големите компании и брендови, заради копирања, имитации и сл. Најсвежа е мултимилионската тужба што легендарниот британски моден бренд Burberry во мај годинава ја покрена пред Њујоршкиот суд против американскиот малопродажен синџир Target, затоа што овој пуштил во продажба производи коишто очигледно го копираат фамозниот каро дезен на Burberry. Во тужбата, како што пишува Harpers Bazaar, се наведува дека Burberry уште на почетокот од 2017 година го прозвал Target за пуштање во продажба производи, како очила, куфери, итн., коишто наводно биле имитации. Но, Target наместо да престане со праксата, почнал да продава шалчиња со познатиот Burberry дезен, коишто се, инаку, едни од најпопуларните и најпродавани парчиња модни додатоци на Британците.

Burberry тврди дека Target имал соработувано досега со модни дизајнери продавајќи креирани и брендирани парчиња со нивни потпис, па потрошувачите лесно би можеле да се доведат во заблуда дека и сега е таков случајот, и дека спорните шалчиња се всушност дизајн на Burberry, иако нивната цена и квалитет се далеку пониски од оригиналните.

Лево, оригиналните шалчиња на  Burberry, десно се шалчињата на Target, за коишто британскиот бренд тврди дека се безобразна имитација

На Балканот исто така имало примери на обвинувања и тужби меѓу компании и брендови заради копирања на дизајн, амбалажа, лого, изглед на самиот производ, итн. Пред десетина години во Србија се крена многу прашина во јавноста околу тужбата на Бамби кон конкурентот Јафа, заради наводното плагирање на познатиот кекс Плазма. Кексот на Јафа се викаше Вито, а од оваа компанија тврдеа дека главниот проблем бил што на Бамби им засметало дека Вито е поевтин од Плазма, и дека обликот на нивниот производ е класичен правоаголник, додека бојата е иста како и кај секој кекс после печење. Иста таква боја имале и Петит Беур и чајните колачи. И тогаш фабриката од Црвенка го возвратила ударот, па ги обвинила Бамби дека тие всушност своевремено ја фалсификувале Плазма, затоа што името, а и други елементи „позајмиле“ од италијанската компанија Dietetici Alimentari, која уште од 1902 година ги произведува кексите Plazmon.

Бамби пред повеќе децении го тужел и претпријатието Црнагоракоп заради нивниот производ што се викал Ѓетиќ, идентичен на Плазма. Тој спор Бамби го изгубил. Помалку бизарна занимливост врзана со тој случај е дека по тврдиот кекс, Црногорците почнале производство и на мелен, под името Мелен Ѓетиќ.

Пред скоро три децении Плазма пробал да ја копира и Соко Штарк со кексот Макси. Иако Бамби после тужбата го изгубил и овој спор, Соко Штарк сам одлучил да го прекине производството.

Ни срам, ни перде: Кинезите се шампиони во копирање

 15 примери на имитации на западни брендови што ќе ве насмеат до солзи

Индустријата на фалсификувани или имитирани производи во Кина е огромна. Според тамошната државна агенција Xinhua дури 40% од производите продадени онлајн се фалсификат или со сомнителен квалитет. Но, имитациите и фалсификатите не се својствени само за онлајн трговијата, туку постојат и ресторани, продавници и сл., коишто ги “скинале“ буквално западните брендови, како Walmart, KFC или Starbucks.

Abcdis наместо Adidas

Пробајте Legs наместо Lays

Dolce & Gabbana во Кина е Dolce & Banana

Pizza Huh наместо Pizza Hut

Сакате на шопинг во Prapa?

Deats наместо Beats

Не е Red Bull во Кина, туку е RidBull

Кога Nokia суверено владееше на светскиот пазар за мобилни телефони, некој се сетил да направи Nokla

Borio, омиленото колаче на млекото

“Џони Работникот“ наместо “Џони Шетачот“, и тоа Black Labial

Оваа копија на мастиките на Wrigley навистина тешко ќе ја познаете

Овој Geely GE личи многу на Rolls Royce Phantom

 

Walmart очигледно бил инспирација за Wumart

Ви здодеа веќе од Starbucks кафулињата во секој град на Запад? Пробајте го Sunbucks во Шангај

Сподели!
- Advertisement -