Кон крајот на годината се очекува да биде одобрена новата стратегија за Македонија на Европската банка за обнова и развој, за која разговараа денеска тим на ЕБРД, предводен од Анка Иоана Ионеску, раководител на канцеларијата на банката во Македонија и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска.
На средбата е претставена новата нацрт-стратегија за Република Македонија за периодот 2018-2023 и се посочени клучните приоритети со цел да се воспостави координација со планираните активности на Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Со оглед дека една од целите на оваа стратегија е подобрена еколошка инфраструктура (вода, отпад и отпадни води) на локално и општинско ниво на состанокот е договорено Министерството до средината на август да даде свои коментари во однос на документот. Конечното одобрувањето на Стратегија, со што ќе започне нов циклус на финсиска поддршка во Македонија се очекува да се случи при крајот на годината, во тек на декември“, соопшти МЖСПП.