- Advertisement -
Компаниите ДОО Гинис 3Д Прилеп и КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје ги повлекоа своите инвестициски проекти. Денеска тие испратија известувања до Фондот за иновации и технолошки развој за својата одлука.
ДОО Гинис 3Д Прилеп за проектот „Гинис принт 2018“ побара средства од Фондот во износ од 9.999.338,40 денари и сопствено учество од 23.331.789,60 денари. Компанијата КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје, пак, за проектот „Ја лееме нашата иднина“ доби 9.990.000,00 денари од ФИТР и сопствено учество од 23.310.000,00 денари.
- Advertisement -
И двете компании се добитници на средства под инструментот технолошки развој.
- Advertisement -