Триглав советува: На одмор со вашиот миленик

- Advertisement -

Во текот на изминатиот месец, ви понудивме неколу совети и препораки за тоа како вие да се подготвите за летен одмор, како вашето возило да го подготвите пред да заминете на одмор, а сега ве потсетуваме на советите во однос на вашиот миленик. Во продолжение најдете неколку препораки од Триглав Осигурување  доколку планирате вашиот миленик да го понесете на одмор со вас:

– Пред да почнете да планирате, без разлика дали се работи за приватно сместување или сместување во хотел, информирајте се дали е дозволен престој и за Вашите домашни миленици;
– Доколку е дозволено, препорачливо е да изнајмите соба на прв кат, што поблиску до излезот, со цел да го олесните процесот на излегување на прошетка со кучето;

- Advertisement -

– Пред да заминете на одмор, однесете го Вашето куче на преглед кај ветеринар, тој ќе Ви потврди дали кучето е во добра здравствена состојба и дали може да патува;
– Неколку часа пред поаѓање, оброците на Вашиот миленик нека се состојат исклучиво од лесна храна, во планот за патување испланирајте еден допонителен час, кој ќе го намените за неколку попатни паузи;
– Не заборавајте да ја понесете потребната документација за Вашето куче, како и доказ дека редовно ги примило потребните вакцини;
– Информирајте се каде се наоѓаат најблиските ветеринарни станици во близина на местото на Вашиот престој;
– За време на престојот, погрижете се за постојано да бидете снабдени со свежа вода за Вашето куче, и што помалку изложувајте го на сонце;
– Пожелно е миленикот да има соодветна идентификација, во случај да се оддалечи од вас;
– И, иако не Ви посакуваме, сепак постои можност кучето да се изгуби, затоа со Вас носете и негова фотографија.
Ви посакуваме убав и релаксиран одмор!

Сподели!
- Advertisement -