Сите предизвици за брендовите, потрошувачите и огласувачкиот пазар во време на вештачка интелигенција

- Advertisement -

 

Директно од Њујорк на 11-то издание на Викенд Медиа Фестивал во Ровињ пристигнува Џејсон Јерциновиќ, визионерски дигитален маркетер и глобален директор за маркетинг иновации во американската агенција “Хавас“ со цел да ни открие што нѐ очекува како дел од примената на вештачката интелигенција во маркетингот

Загреб, 25 јули, 2018 година – Вештачката интелигенција отвара нов свет за брендовите кои со помош на истата може да научат многу за преференците на корисниците и да им препорачаат содржини “скроени“ по нивен вкус. Еден од ваквите примери е “Нетфликс“, чии препораки за филмови и серии се еден од начините за поттикнување на корисниците да продолжат со користење на таа услуга. Следејќи го нивното однесување, “паметните“ алгоритми креираат база од она што гледачите го сакаат, не пропуштајќи ги одлуките само на генијалните режисери.

- Advertisement -

За предностите, но и предизвиците при употребата на вештачката интелигенција во маркетингот, во рамки на 11. издание на Викенд Медиа Фестивал во Ровињ, ќе говори Џејсон Јерциновиќ (Jason Jercinovic), глобален директор за маркетинг иновации во реномираната американска агенција “Хавас“ (Havas) во Њујорк. Џејсон Јерциновиќ е визионерски дигитален маркетер со повеќе од дваесет години искуство во областа на технологијата, огласувањето и маркетингот стекнато преку работа со различни Клиенти – од старт-ап компании, па се до светски водечки брендови. Тој е еден од глобалните предводници кога станува збор за примената на вештачката интелигенција во маркетингот. Во агенцијата “Хавас“, како глобален директор за маркетинг иновации, задолжен е за “Хавас Когнитив“ (Havas Cognitive) – новите деловни единици за Вештачка Интелигенција (AI)  и Корисничко Искуство (CX). Во својата работа, Џејсон користи знаења од областа на вештачката интелигенција, анализата на податоците, технологијата, бизнис стратегиите и дизајнот.

Вештачката интелигенција сѐ повеќе е дел од нашето секојдневие, а воедно и дел од огласувањето. Еден од примерите се четботовите (chatbots), сѐ попопуларна тема во светот на дигиталниот маркетинг, преку нивна имплементација во платформи за комуникација и апликации за разменување на пораки, со цел разговор помеѓу брендот и корисникот. Иако ваквите иновативни решенија може значајно да го подобрат нашиот живот, овој познат експерт со причина го поставува прашањето како да бидете сигурни дека се користат со вистинска цел?

- Advertisement -

Минатата година, Фејсбук (Facebook) мораше да го исклучи својот програм за вештачка интелигенција откако два ботови развиле свој јазик кој луѓето веќе не можеле да го разберат, а познати се и случаеви во кои ботовите користеле расистички коментари. Џејсон Јерциновиќ од овие причини се залага за креирање на етички кодекс кој би ограничил користење на вештачка интелигенција во маркетингот, а воедно би овозможил транспарентност и доверба. На своето предавање во рамки на Викенд Медиа Фестивал, тој ќе се обиде да ја одреди границата која огласувачите никогаш не би смееле да ја преминат.

Најголемиот регионален фестивал за комуникациската индустрија се одржува од 20. до 23. септември на добро познатата локација – во старата фабрика за тутун во Ровињ, а овогодинешни партнери на фестивалот се Франција и Германија. Сите маркетери своите проекти може да ги пријават на седмиот по ред “БалКан(BalCannes), а најдобрите дигитални проекти во Регионот и овој пат ќе се натправаруваат во различни категории за најважната дигитална награда – СоМо Борач  (SoMo Borac).

Сподели!
- Advertisement -