Најскап имот на светот е еден рид?

- Advertisement -

Проценет на милијарда долари, дел од планинатата Беверли Хилс официјално е прогласен за најскап имот во историјата на Лос Анѓелес.

Таа цена, како што наведува Форбс, се однесува на панорамскиот дел од планината со поглед на Лос Анѓелес каде се уште нема изградено објекти.  Имотот се простира на околу 157 хектари, двојно повеќе од забавниот парк Дизниленд.

„Ако купувачот сака да направи тематски парксо големина на Дизниленд, тоа може да го стори со тоа што ќе земе 100 хектари каде навистина може да креира кралство“, вели агентот за недвижности Арон Кирман.

- Advertisement -

Оваа локација на врвот на Беверли Хилс е одлична, се наоѓа во близина на шопинг зоната Родео Драјв, а има и спектакуларен поглед со центарот на Лос Анѓелес и Тихиот Океан.

Се претпоставува дека имотот ќе му фати око на некој руски олигарх или семејство од Блискиот Исток, затоа што овој имот е одличен за некој кој сака да направи голем “влез во високото друштво“ во Лос Анџелес.

- Advertisement -

Инаку, оваа локација била во сопственост на кралеви и познати личности од 70-те години на минатиот век, но досега не била развиена.

- Advertisement -

Според пишувањето на Блумберг, дури и  Том Круз и Бред Пит покажале заинтересираност за тоа земјиште. Годинава сопственоста на локацијата е пренесена на фирмата Secured Capital Partners, која ги консолидираше повеќето парцели во една голема за да постигне поголема вредност на имотот.

“Мојот тим иденитификуваше дека има 100 милијардери на светот кои би биле заинтересирани и кои би биле заинтересирани и кои би можеле да си го дозволат овој имот“, изјавил Кирман.

Сподели!
- Advertisement -