Паѓаат цените на куќите во некои од најголемите градови

- Advertisement -

Од Лондон преку Сиднеј и Пекинг до Њујорк, паѓаат цените на куќите во некои од најбараните градови во светот, пишува Блумберг

Цените на недвижностите во најбараните квартови во Лондон паднаа заа 18% од 2014 година кога пазарот доживеа врв во продажбата, а некои од куќите изгубија дури третина од својата вредност. Истовремено, се градат скапи станови за да се привлечат богати купувачи, додека се јавува хроничен недостиг на поволни недвижности.

Предводник на овој тренд е Кина кад градежниците со соочуваат со ограничено финансирање што доведе до замрзнување на продажбата. Пекинг се обидува да ги поттикне изнајмувањето поради што многумина го одложија купувањето сопствен дом.

- Advertisement -

Цените паѓаат и во најголемите градови во Австралија најмногу поради построгите услови за добивање на кредити, посебно за инвеститори.

Во најскапите делови на Менхетен во Њујорк цените паѓаат веќе три квартали, што ги прави купувачите многу пребирливи. На крајот на вториот квартал на пазарот имаш речиси 7.000 станови, 11% повеќе отколку една година претходно. Цените на луксузните станови и натаму се „надувани“, а просечната цена на куќите падна за 7,5%, на 1,1 милион долари.

- Advertisement -

Торонто пак докажува колку бргу можат да пораснат цените после пад, но проблеми се очекуваат заради растечките тензии врзанои за трговијата со САД и можниот раст на каматните стапки. Цените на недвижностите се опоравија после падот во април минатата година, а побрувачката и понатаму е поголема од понудата.

Сподели!
- Advertisement -