Останува помалку од еден месец до важниот спортски настан кој по прв пат ќе се одржи во Хрватска. На 1 и 2 септември во организација на Туристичката заедница на Личко-сењската жупанија ќе се одржи Првиот хрватски фестивал на одење.
Ова е голем настан за Хрватска затоа што ваквите фестивали де голем тренд во светот, а освен популарносѕа, ги краси и масовноста, затоа што одењето е активност која се повеќе добива на значење и на професионалност. Поради тоа, на некои од фестивалите се собираат и по 50.000 „одачи“.
Првиот хрватски фестивал на одење ќе се одржи со две рути – кратка и долга, пишува Poslovni Puls . На 1 септември во Госпиќ натпреварувачите ќе совладуваат стази од 23 и 30 километри, симболично наречени Tesla. Потоа на 2 септември манифестацијата се сели во Оточац, каде што ќе има кратка стаза со должина од 18 км и најдолгата стаза од дури 34 км.
Благодетите на професионалното, но и рекреативното одење се многубројни, а еден од најпознатите факти е дека со одењето за секоја минута можете даси го продолжите животот за 1 до 2 и пол минути. Тоа е одличен мотив за сите кои сакаат да направат нешто за своето здравје, но и убаво да си поминат уживајќи во недопрената природа.