Македонија на 28. место во светот по извоз на вино, на 173. по увоз

- Advertisement -

Македонија е на 28. место во светот според извозот на вино, а на 173. според увозот, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика www.worldstopexports.com.

Минатата година од извозот на вино земјава реализирала 52,4 милиони долари, што е 0,1% од извозот во светски рамки. Вредноста на македонскиот увоз, пак, лани достигнала 699.000 долари, што е 0,002% од извозот во светот.

- Advertisement -

Според „Worldstopexports“, светски лидери во извозот на вино се Франција, Италија, Шпанија, Австралија и Чиле, со реализирани од 2 до 10,3 милијарди долари, а најголеми увозници се САД, Велика Британија, Германија, Кина и Канада, со остварен увоз од 1,9 до 6,2 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -