Научници открија 44 нови егзопланети слични на Земјата

- Advertisement -

Научници открија 44 планети надвор од нашиот Сончев систем со помош на вселенскиот телескоп Kepler. Вообичаено, со ваквите истражувања се откриваат само десетина планети. Освен тоа, телескопот Kepler ги собра податоците за планетите откако поради технички проблеми во 2013 година, инженерите имаат намалена контрола врз телескопот.

„Две од четирите тркала престанаа да функционираат, па Kepler не можеше да ја врши првичната мисија за која е таму – постојано да набљудува одреден дел од космосот. Тоа доведе до мисијата K2“ вели авторот Мотохиде Тамура од Универзитетот на Токио.

- Advertisement -

Како резултат на тоа, истражувачите откриле чудни и неверојатни планети, од кои некои се големи колку Земјата, а четири вртат околу нивните ѕвезди за помалку од еден ден. Тоа значи дека една година на тие планети трае помалку од еден ден на Земјата. Шеснаесет од планетите се исти колку Земјата, а една е невообичаено мала, колку Венера, што е потврда само до кој степен може да детектира вселенскиот сателит.

Тимот е особено возбуден за 18 планети во мултипланетарни системи затоа што се надеваат дека тие ќе им помогнат да го разберат нашето соларно соседство. Истражувањето на други соларни системи ќе им помогне да сфатат како се формирани планетите и нашиот соларен систем.

- Advertisement -

Освен тоа, истражувачите се надеваат дека понатамошните истражувања ќе покажат дека 27 од новооткриените планети се вистински планети. Иднината на вселенскиот сателит Kepler, кој во вселената лебди веќе една деценија, е предмет на многу дискусии во изминатите недели. Бидејќи има мали резерви на гориво, инженерите го префрлија на еден вид хибернација за да сочуваат доволно енергија за да испраќа податоци до Земјата. Телескопот-ветеран се „разбуди“ на почетокот на август и почна да испраќа податоци до НАСА:

Сподели!
- Advertisement -