Parker Solar Probe, новото вселенско летало на НАСА ќе се доближи 6,5 милиони километри до Сонцето, што е поблиску од било кој друг објект создаден од човекот
Новото летало би требало да ја реши мистеријата за Сонцето и неговата атмосфера која повеќе од половина век е предмет на изучување на научниците ширум светот. Просторот низ кој ќе се движи леталото е исполнет со ситни енергични честички чија температура може да достигне повеќе од 1.650 степени Целзиусови. По ланисрањето леталото ќе патува со рекордна брзина. Најблиску до Сонцето ќе биде на 5 ноември.
Parker Solar Probe е опремен со најсовремен топлотен штит и различни системи на разладување, со оглед на тоа што сончевата корона е 300 пати потопла од површината на Земјата и секој предмет кој ќе се најде во ова подрачје мора да има софистицирана заштита.
Ќе бидат потребни 6 години за леталото да ја достигне најблиската точка до Сонцето во 2024 година, со помош на гравитацијата на Венера која ќе го доближува сè поблиску и поблиску. Околу Сонцето ќе направи 24 круга до крајот на 2025 година, а за завршување на секој круг ќе бидат потребни 88 дена
Мисијата на научниците е да дознаат повеќе за природата на Сонцето со помош на мерења на соларните ветрови. Ако успеат да дознаат повеќе за сончевата активност научниците тоа можат да го употребат во предвидување на соларните ерупции кои претставуваат закана за сателитите близу Земјата.
Лансирањето е закажано за 11 август од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида.