Со паметната Smart Solar Charging Station eлектричните автомобили можат да се полнат со соларна енергија и дење и ноќе

- Advertisement -

Tesla постепено ги приклучува своите соларни производи и системи за складирање енергија на сопствената мрежа за полнење со цел да направи цела флота која ќе работи на соларна енергија, но од истите производи корист можат да имаат и електричните возила.

Имајќи го тоа на ум, компанија од Холандија додаде Tesla Powerpacks на универзална станица за полнење со цел локалните електрични автомобили да можат да користат соларна енергија и ноќе. Новата станица е дел од проектот Smart Solar Charging на компанијата LomboXnet и неколку локални партнери во Утрехт, пишува Elektrek.

- Advertisement -

Опремена е со 20 точки за полнење поврзани со 100 соларни панели и Tesla Powerpack батериски систем од  400kW/800kWh. Во текот на денот електричните возила можат да се наполнат со сончева енергија, а вишокот го складираат во батериите, кои исто така се врзани за електричната мрежа. Кога ќе го снема сонцето, батериите Powerpack ја снабдуваат станицата за полнење со соларна енергија.

Станицата беше отворена минатата недела со демонстрација на 20 целосно електрични автомобили. Станицата одбележува 10 години од проектот Smart Solar Charging, кој резултираше со нови станици за полнење електрични автомобили и 6.000 инсталирани соларни панели на 20 покриви.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -