- Advertisement -
Пепси денеска информираше дека ќе ја купи израелската компанија за домашни апарати за газирани пијалоци СодаСтрим, за 3,2 милијарди долари, јави новинската агенција ДПА.
– Ова е важен чекор за нас, изјави директорот на СодаСтрим Даниел Бирнбаум. Компанијата произведува сифони за домашна употреба, кои можат да карбонизираат вода, како и голем број сирупи со кои можат да се прават разновидни газирани пијалоци. СодаСтрим има дузина производни капацитети низ светот, а најголемата фабрика и е во Израел.
- Advertisement -
СодаСтрим се соочи со повици за бојкот, како израелска компанија, а особено откако во 2014 година најави дека ќе ја затвори својата фабрика во Западниот Брег, каде повеќето вработени беа Палестинци.
- Advertisement -