Од идната година на децата во Јапонија роботи ќе им предаваат англиски јазик

- Advertisement -

Од идната година роботи на децата во Јапонија ќе им предаваат англиски јазик. Тие на дел од јапоснките ученици, но и на нивните наставници, ќе им помагаат да го унапредат познавањето на англискиот јазик. Бидејќи Јапионците се познати по слабото познавање на англискиот, Министерството за образование на Јапонија планира пилот-проект вреден 250 милиони јени или околи 2,3 милиони долари, пренесува Klix.ba.

Роботите во Јапонија веќе имаат разни функции. На пример, можат да проверат потекло на англиски зборови, што понекогаш им е тешко на наставниците, објаснуваат од Министерството. Јапонските училишта, традиционални, имаат проблеми со мал број квалификувани наставници по англиски јазик.

- Advertisement -

Роботите нема да бидат единствената мерка за подобрување на квалитетот на наставата по англиски јазик – учениците ќе добијат и апликации за таблети и мобилни телефони со лекции од изворни говорници. За две години отсега Јапонија ќе почне да го применува новиот систем, кој предвидува децата да почнат да учат англиски јазик од десеттата година.

Сподели!
- Advertisement -