Во Кина се се попопуларни борбите со роботи, со кои сопствениците управуваат со далечински управувач. Борбите се одвиваат во мали арени со гласна рок музика, додека двата железни боскери се удираат еден друг, а наоколу летаат делови од нив.
Овие борби се одржуваа и на маргините на Светската роботска конференција годинава, каде што учествуваа 57 екипи од сите делови на Кина. Борбите со роботи траат три минути, а сопствениците со далечинско ги контролираат посебно дизајнираните машини, пишува b92.net.
Се функционира како боксерски натпревари. Секој удар се смета како бод и ако нема нокаут, судиите ги бројат поените и ја проценуваат борбеноста на роботот.Борбите со роботи како што се Battlebots во САД и Robot Wars уште од почетокот на овој век се популарни и во Велика Британија.
Вообичаено е на натпреварите да има од 20 до 40 екипи, главно љубители на роботи и студенти. Роботите се натпреваруваат како боксери во различни категории – од 13,6 до 110 килограми. За изработка на робот од 13,6 кг е потребен еден месец, а за поголемите понекогаш се потребни и три месеци, велат конструкторите.