Овие мали топчиња ќе ја спасат Кенија од обесшумување

- Advertisement -

Овие мали топчиња кои можете да ги видите на фотографијата и на видеото подолу ќе ја спасат Кенија од целосно губење на шумите. Seedballs Kenya е проект кој овозможува садење на ендемични видови дрвја и трева во посебни капсули. Теди Кинианџуи е соосновач на проектот. Тој го објаснува значењето на дрвјата како извор на храна, како засолниште и како гориво, но исто така како дрвјата ги штитат посевите и растенијата од ветрот и од ерозија на земјиштето. Тоа се сериозен проблем во Кенија, каде што голем дел од земјиштето се претвора во купишта прав.

 

- Advertisement -

Семињата кои ги садат низ цела Кенија се сместени во посебни топчиња. Во секое топче има семе обвиткано со школка од јаглен за животните и инсектите да не го изедат семето додека не изрти и не порасне, а тоа се случува за рекорден период од само еден месец. „Од едно топче има потенцијал да израснат други милион дрвја затоа што станува дрво-мајка во една област којашто е премногу експлоатирана и разорена“ вели Теди.

Сподели!
- Advertisement -