Британија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на деца

- Advertisement -

Британската влада размислува да воведе забрана на продажба на енергетски пијалаци на деца поради штетните последици врз здравјето.

Таканаречените енергетски пијалаци содржат високо ниво на шеќер и кофеин и се поврзани со дебелината и голем број други здравствени проблеми.

- Advertisement -

– Имајќи предвид дека илјадници млади луѓе редовно консумираат енергетски пијалаци бидејќи се поевтини од другите безалкохолни пијалаци, ние ќе ја разгледаме забраната за продажба на овие пијалаци на децата – рече премиерката Тереза Меј, се вели во соопштението.

Адолесцентите во Британија кои пијат енергетски пијалаци консумираат околу 50 отсто повеќе пијалаци од нивните врсници во Европа.

- Advertisement -

Владата почна консултации во кои ќе побара експертско мислење за возраста во која треба да се забрани потрошувачката на енергетски пијалаци.

Сподели!
- Advertisement -