Здружението на бизнис жени на Македонија реализираше студиска посета во Република Хрватска

- Advertisement -

Делегација на жени претприемачки реализираа студиска посета во Република Хрватска, во рамки на проектот  „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија

Минатата недела група на жени претприемачки, во периодот од 26-31.08.2018, оствари 5-дневна работна студиска посета во Република Хрватска, во рамки на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени.

Проектот WE MAKE кој финансиран преку ИПА програмата, се спроведува во текот на целата 2018 и дел од 2019 година, со времетраење од 16 месеци. Организациите спроведувачи активно реализираат повеќе активности, во неколку фази, со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

- Advertisement -

Општата цел на проектот е да придонесе кон зголемување на конкурентноста на економијата на Република Македонија, преку поддршка на различен екосистем за претприемништво, вклучувајќи ги жените и граѓанското општество. Со проектот се предвидува поттикнување и поддршка на актуелните и потенцијалните жени претприемачи преку зголемена и подобрена употреба на технологија, иновации, вмрежување и извоз, како и градење на капацитетот на националната асоцијација за женско претприемништво – Здружението на бизнис жени и Платформите за зајакнување на екосистемот за претприемништво во Македонија, преку имплементација на Националната Стратегија за развој на ЖП 2018-2022 во РМ.

- Advertisement -

Како дел од многуте проектни активности, како обуки за нови технологии, ICT/STEM/Green/Social, стартап, извоз и кластеринг, воспоставување на WE MAKE веб портал со виртуелен инкубатор, хуб за извоз и за онлајн тренинзи, беше и студиската посета на Хрватска за B2B средби и размена на искуства со Хрватската стопанска комора (ХГК), високи претставници на локалната власт, хрватските кластери „Коло“ и „Деша“, Здружението на бизнис жени од Хрватска „Круг“ и локални бизнис центри и жени претприемачки, со вклучено запознавање, размена на искуства и можност за соработка и менторство. Со состаноци, во рамки на посетата, опфатени беа градовите – Вуковар, Загреб, Оточац, Сињ, Сплит и Дубровник, со постоечките кластери за женско претприемништво, социјални претпријатија, извозни, зелени, иновативни и други женски бизниси и релевантни институции за поддршка на бизнисот, како и локални, регионални и државни претставници и институции, организирани од страна на ГТФ, а со поддршка од Здружението на бизнис жени.

- Advertisement -

Жените претприемачки, опфатени во студиската посета, се бизнис жени од следните компании – Изида СПА од Охрид, Еко Пак Хит од Кочани, Консалтинг Интер Груп од Кавадарци, и Рептил маркети,  Марсаж, Импералис, Брегли, адв.канцеларија Чакаровска и Арти Крафт, сите од Скопје. Искуствата и информациите кои групата претприемачки ги добија при оваа студиска посета, ќе им помогнат за раст и развој на компанииите, но потоа споделени во рамки на Здружението на бизнис жени, и за промоција и јакнење на женското претприемништво во земјата, генерално, како и за формирање на првиот национален кластер за женско претприемништво.

Веќе е договорена соработка со Здружението на бизнис жени КРУГ од Хрватска и утврдени се следните чекори на заедничко дејствување, сѐ во правец на зајакнување на економската соработка.

 

Сподели!
- Advertisement -