„Шанса за сите“, нова мерка за преквалификација на невработените

- Advertisement -

Нова мерка „Шанса за сите“ која опфаќа преквалификација на невработените лица во согласност со потребите на стопанството предложија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска

Мерката, која треба да биде дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година на Владата, беше образложена на информативната сесија на која присуствуваа и првите луѓе на стопанските комори, бизнис асоцијациите и други организации.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев појасни дека идејата е да се надмине еден од најголемите проблеми што ги имаат стопанствениците со недостатокот на кадар, а од друга страна да им се помогне на невработени лица со тоа што ќе им биде понудена шестмесечна преквалификација која ќе биде поддржана од државата.

- Advertisement -

Анѓушев кажа дека потребно е да се прилагоди образованието на потребите на стопанството и посочи дека во одредени општини во Македонија има диспропорција на образованието на невработените со потребите на компаниите. Предлогот е ниво на општини да се направат анализи за образованието на невработените, а компаниите да номинираат работни места.

– Да видиме кој е заинтересиран за тоа работно место. Да видиме колкав е интересот за таа работа за да предвидиме соодветни средства во Буџетот за 2019 година во Оперативната програма на МТСП, за да го поддржиме преквалификувањето на тој кадар – рече Анѓушев.

- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска идејата е преку дијалог со бизнис заедницата да се креираат соодветни мерки со кои ќе се избалансира понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

– Во 2019 година да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот. Дебатата е што понатаму, а за тоа можете да ни кажете најдобро вие -рече Царовска.

- Advertisement -

Луиза Винтон, постојана преставничка на Програмата за развој на Обединетоте нации (УНДП), потенцираше дека УНДП, преку своите проекти со националните партнери, се фокусира како најбрзо и најефикасно да се пополни недостатокот од квалификувана работна сила.

Претставниците на стопанските комори и бизнисмените го поздравија предлогот на Владата потенцирајќи дека можеби не треба да се чека до 2019 година туку дека со преквалификација на кадарот треба да се започне веднаш.

Сподели!
- Advertisement -