Интернет-платформата за брза резервација на билети за автобуски и железнички сообраќајWanderu направи листа со најевтините и најскапите градови кои треба да се посетат во Европа. Рангирањето е направено на база на просечната цена на некои стоки и услуги во секој град, како што се цената на возење еден километар со такси, половина литар домашно пиво, чаша капучино, влезници за музеј, ноќевање во хотел за едно лице, билети за јавен превоз во еден правец и три оброци за едно лице во ресторан од среден ранг, пренесува Bizlife.
Според пресметките на Wanderu, нашиот главен град Скопје е најевтиниот град во Европа. Потоа следуваат Приштина на второто место, па Подгорица на третата позиција. Скопје има најниска просечна цена за хотелско сместување од 56 евра по лице, трета најниска цена за три оброци во ресторан од 8,5 евра и петта најниска цена за чаша капучино од 1,2 евра.
Од друга страна, во топ три најскапи градови во Европа се најдоа Монако, Рејкјавик и Даблин.
Еве кои се топ 10 најевтини главни градови во Европа:
1. Скопје, Македонија
2. Приштина, Косово
3. Подгорица, Црна Гора
4. Ереван, Ерменија
5. Кишњев, Молдавија
6. Тирана, Албанија
7. Минск, Белорусија
8. Софија, Бугарија
9. Букурешт, Романија/ Белград, Србија
10. Сараево, БиХ
Топ 10 најскапи главни градови во Европа се:
1. Монако, Монако
2. Рејкјавик, Исланд
3. Даблин, Ирска
4. Амстердам, Холандија
5. Лондон, Велика Британија
6. Париз, Франција
7. Копенхаген, Данска
8. Хелсинки, Финска
9. Валета, Малта
10. Стокхолм, Шведска