Избрани најдобрите рекламни кампањи на BalCannes 2018 во Ровињ! 

- Advertisement -

Дури 51 адвертајзинг агенција конкурираа за овогодинешното издание на натпреварот BalCannes кој се одржува во склоп на единаесеттиот Weekend Media Festival во Ровињ, Хрватска. Стручното жири составено од 25 експерти (огласувачи, агенции и медиуми) од целиот регион, во силна конкуренција ги избра најдобрите проекти во Јадранскиот Регион и ги додели наградите за најдобрите од најдобрите. И оваа година имавме можност да видиме како на исти кампањи гледаат огласувачите, агенциите и новинарите, а секое од тие жирија им додели награди на најдобрите кампањи по свој избор.

- Advertisement -

Престижната титула за најдобра агенција на BalCannes jа понесе агенцијата SeñorMcCann Beograd освои награда за кампањата „The Red Thread, која е прогласена за најдобра кампања на BalCannes. Жирито на огласувачи за најдобра кампања ја прогласи „The real-life Escape Room, дело на Agencija 101. Посебната награда на жирито на новинари ја освои агенцијата Imago Ogilvy за кампањата „Odljev duhova prošlosti“. Како најдобра кампања според мислењето на агенциското жири беше прогласена „Deepest Instagram Profile“ на агенцијата Saatchi & Saatchi Croatia дел од групацијата Publicis. Наградата за најдобра кампања реализирана на повеќе пазари во регионот ја освои „The Shiny Munchmallow“ на агенцијата Ovation BBDO од Белград.

Заедно со агенцијата Señor, на листата на топ 5 агенции според вкупниот број на бодови се најдоа и Agencija 101Imago OgilvyLeo Burnett Belgrade и Saatchi & Saatchi CroatiaПокрај нив, во селекцијата на најдобри кампањи од Јадранскиот Регион беа избрани и кампањи на агенциите: BBDO ZagrebBruketa&Žinić&GreyCommunisDegordianDirect MediaLUNA\TBWAMcCann BeogradMcCann PodgoricaMcCann ZagrebOvation BBDOPublicis SloveniaPublicis BelgradeStudio Sonda и ŠvicarskaТокму претставниците на овие  агенции ги презентираа своите најдобри кампањи пред преполната сала на Weekend Media Festival.

- Advertisement -

- Advertisement -

За оние кои не беа на фестивалот, сите кампањи од BalCannes ќе бидат објавени на BalCannes Yellow Pages (www.balcannes.com) – онлајн база на рекламни агенции која во текот на целата година служи како корисна алатка за огласувачите кои се во потрага по нови бизнис партнери.

Организатор на BalCannes е Хрватското здружение на друштва за пазарнo комуницирање (HURA) и Weekend Media Festival.

Во продолжение следува листата на овогодинешните 26 најдобри кампањи на BalCannes по азбучен ред:

  • #checkit – Publicis Belgrade
  • #Neželjena/#Unwanted – McCann Podgorica
  • Coca-Cola FIFA – McCann Zagreb
  • Croatia je Hrvatska! – Povijest pišemo sami – Bruketa&Žinić&Grey
  • Čuvaj se! – Direct Media
  • Deepest Instagram Profile – Saatchi & Saatchi Croatia dio Publicis grupe
  • Eurobarsket – Agencija 101
  • Heroes drive in pajamas – LUNA\TBWA
  • Improvising billboard – Publicis Slovenia
  • Iskon Smart kampanja – Señor
  • Jana Duboko Iznad Svih – Saatchi & Saatchi Croatia dio Publicis grupe
  • Jesi li za Hopa Cupa? – Imago Ogilvy
  • Kratke priče za dugo pamćenje – Švicarska
  • Odljev duhova prošlosti – Imago Ogilvy
  • Poduzetan narod – BBDO Zagreb
  • Rebranding Atlantic grupe – Señor
  • Smrtphone – Señor
  • Što bi dao? – Degordian
  • The real-life Escape Room – Agencija101
  • The Red Thread – McCann Beograd
  • The Shiny Munchmallow – Ovation BBDO
  • Upecaj Zlatnu ribicu – Communis
  • Vip Budi NEO integrisana kampanja – Leo Burnett Belgrade
  • Vip Poželi NEOgraničeno – Leo Burnett Belgrade
  • Vrati sebe u knjižnicu – Booktiga sajam rabljenih knjiga 2018 – Studio Sonda
  • Žujine mame i tate – BBDO Zagreb

    (Маrketing365.mk)

 

Сподели!
- Advertisement -