Јапонскиот вселенски мини-лифт лансиран во вселената

- Advertisement -

Концептот за вселенски лифт ега ќе биде испробан во реалноста откако викендов беа лансирани два сателити до Меѓународната вселенска станица. Експериментот е под надзор на Универзитетот Шизуока од Јапонија и ќе биде првото тестирање спроведено во вселената во рамките на проектот Space Tethered Autonomous Robotic Satellite (STARS).

Двата мали STARS-ME сателити се поврзани со кабел од 10 метри и роботски уред кој патува меѓу сателитите. Тоа е минијатирна варијанта на вселенски лифт кој во иднина би можел да ги превезува луѓето до Земјата до некое летало во вселената, пишува CNET.

- Advertisement -

Лансирањето на сателитите беше планирано за 1 септември, но беше одложено за една недела поради временските услови и системот на пропулзија на ракетата. Доколку тестирањето се покаже успешно, вселенските лифтови значително ќе ги намалат трошоците за транспорт на луѓе и стока во вселената. Сепак, долг е патот додека да се оствари оваа крајно амбициозна цел.

Претходно пробни сателити беа лансирани во 2009, 2014 и во  2016 година, но STARS-Me е првиот кој има вистински лифт. Сега кога лифтот е во орбитата, ќе треба да се подготви за оперирање откако ќе се лансира од Меѓународната вселенска станица. Оваа битна мисија е првата демонстрација на вселенски лифт во светот.

Сподели!
- Advertisement -