Антонис Монокрузос e раководител на кластерот на земји Грција, Кипар, Малта, Македонија, Албанија и Косово и директор на Oracle Грција. Тој минатата недела на конференцијата “Дигитална трансформација во Македонија – предизвик или реалност?“ во организација на МАСИТ, зборуваше за промените кои ги носи дигитализацијата и иновациите во оваа област. Неговото присуство во Македонија беше голема инспирација Иновативност да поразговара со него за актуелните теми во светот на информатичката и дигиталната индустрија
(Разговараше- Верица Јорданова)
Која е Вашата позиција во Оracle (Оракл) и кон што е насочен бизнис фокусот на Oracle во моментов?
Во изминатитве 8 години ја имам привилегијата да го водам GCMM (Грција, Кипар, Малта, Македонија, Албанија и Косово) кластерот на земји во рамките на Oracle и истовремено сум директор на Oracle Грција. Oracle е интернационален провајдер на cloud (клауд) решенија. Нашата компанија им помага на бизнисите од сите големини, овозможувајќи им дигитална трансформација, преку развивање на стратегија и напредок во cloud- от (клаудот) на различни начини: нови cloud имплементации, приспособување на постојните решенија кон современата околина и хибридни имплементации. Cloud-от на Oracle обезбедува врвни можности во користње на SaaS (Software as a Service), PaaS (Platform as a Service), IaaS (Infrastructure as a Service) и Data as a Service. Интегрираниот и комплетен пристап на Oracle им овозможува на компаниите да започнат со својот бизнис во cloud и да напредуваат како што нивниот бизнис расте.
Со задоволство ја поддржавме оваа многу важна конференција организирана од МАСИТ. Дигиталната трансформација не е само “жешка” тема или минлив тренд, напротив таа е реалност, која придонесува за трансформација на пазарот и деловниот свет воопшто. Затоа, сметаме дека треба да се искористи секоја прилика да се појаснат предизвиците и можностите кои произлегуваат од дигиталната трансформација, која е истовремено важна за нас како производители, но и за организациите кои ja планираат, или пак веќе ја започнале дигиталната трансформација во своето работење. Во нашиот регионот потребно е да се превземат иницијативи преку кои пазарот ќе се едуцира за предизивците и за придобивките од дигиталната трансформација.
Која е разликата на земјите во регионот при користењето на дигиталната трансформација, напредокот и решавањето на проблемите, во споредба со другите земји во Европа ?
Сосема нормално е појавата на нови врвни технологии и трансформациски бранови во нашиот поширок регион да се случува со одредено временско задоцнување во споредба со САД или Западна Европа, каде што овие технологии се првично развиени, а нивните економиите се базирани и зависни од иновации. Имајќи го ова предвид, истото делумно се случува и во нашиот регион кога станува збор за дигиталната трансформација и технологиите кои таа ги вклучува, како cloud, вештачка интелегенција, blockchain (блокчеин), machine learning (учење со помош на машина), chatbots (чатботс) итн. Интересно е да се напомене дека бележиме примери на примена на иновативни решенија во банки, телекомуникациски компании или јавни агенции во нашиот регион многу порано отколку во некои поразвиени економии. Според тоа, може слободно да се каже дека не секогаш георгафската местоположба на земјата е важна толку колку деловната култура која – доколку поттикнува иновации – води до конкурента предност. Глобализацијата, новите технолошки платформи, особено cloud- от ја направија дигиталната трансформација полесна отколку во минатото. Владите имаат клучна улога во овој процес, бидејќи тие можат да превземат значителни чекори за олеснување на развитокот на пазарот, подобрување на услугите кон граѓаните и поттикнување на економскиот раст во релативно краток период.
Кои се главните пречки и предизвици во регионот кога се работи за дигиталната трансформација?
Често главниот предизвик со кој се соочува организацијата која сака дигитално да се трансформира е стравот од промени, не само во инфраструктурата или апликациите кои се користат, туку и во деловните процеси, а понекогаш и целиот бизнис модел. Дигиталната трансформација е иницирана од зголемените барањата на корисниците и поради тоа сите процеси и функции во претпријатието треба да се усогласат и да работат како едно, со цел да го понудат најдоброто што го имаат за да го задоволат и задржат корисникот на денешниот екстремно конкурентен глобален пазар.
При тоа, најголемите препреки се слични во сите региони. Корисниците се загрижени за финансиските трошоци кои ќе ги донесе оваа промена во деловното опкружување, безбедноста на нивните податоци, па дури и за работните места кои би биле ‘на удар’ на автоматизацијата. Но, како што усвојувањето на cloud-от и другите технологии напредува, искуството покажува дека сите овие пречки се обично изговори за да се избегнат неизбежните промени кои организацијата мора да ги направи за да се прилагоди на новите барања и услови на пазарот. Во реалноста, некои од овие “пречки” се вистински придобивки, како што се поголема безбедност, пониски трошоци, зголемени перформанси и продуктивност.
5) Oбјаснете ни го процесот на интеграцијата во ЕУ и Дигиталната агенда на регионот? Која е улогата на регионалните влади во овој процес?
Веќе долги години ЕУ е многу активна и на различни начини ги поттикнува и им го олеснува патот на сите земји членки, со цел да се осигура дека тие брзо напредуваат во нивната агенда за дигитална трансформација. ЕУ знае дека дигиталниот развој е клучот на иднината, клучот за опстанокот и растот во оваа нова глобализирана економија, клучот за благосостојба на граѓаните. Не може да очекувате од една економија да биде конкурентна доколку не е дигитално развиена. Така, ЕУ помага во оваа насока на различни начини -обезбедувајќи структурни фондови за дигитална трансформација, воспоставувајќи го потребното законодавство, развивајќи образовни иницијативи и R&D програми, спроведувајќи анекти и истражувања итн. Земјите членки и државите во процесот на пристапување може само да имаат корист од овие ресурси. Но, стапката на успех и степенот на интеграција не се темелат само на финансиските средства. Тие зависат од раководството на владите кои би требало да ја разберат пораката, да ги прифатат тековните и идните трендови и да бидат двитател на промените во нивните земји (со голема помош од ЕУ). Поради тоа и на глобално ниво и во ЕУ, гледаме дигитална трансформација на земјите со различна брзина а при тоа географската местоположба не е најважниот фактор (на пример, Естонија).
Сметам дека пораката треба да биде јасна и оптимистична: дигиталната агенда на ЕУ е во наши раце, таа е многу значајна и регионалните власти треба и мора да ги прифатат промените, да ја прифатат поддршката која им се нуди и да го искористат процесот на интеграција како можност за пристап до нови пазари.
На самиот крај, дали сметате дека имплементацијата на решенијата од страна на владините тела е лесна, дури ако трансформацијата се одвива лесно? Како да се справиме со отпорот на промени кој го имаат вработените и користењето на новите технологии ?
Вистина е дека процесот на усвојуваање на новите технологии во јавниот сектор е под големо влијание од неговата структура, сложеноста и бавноста на процесите, како и големината и комплексноста на постоечките системи и решенија. Отпорот на вработените кон промените, иако не е далеку поинаква од останатите пазари, понекогаш може потешко да се управува и надмине.
На крајот на денот – зборуваме за класично управување со промени. Силното раководство, професионалната подготовка и планирањето на промените, ангажирањето на способни агенти за промена, решителноста и континуитетот, транспарентноста и инклузивноста, како и воведувањето на најдобри практики може да се покажат како многу корисни. Образованието и комуникацијата се клучни фактори за вакви значајни промени. И вработените и раководството треба да бидат добро образовани и обучени да ги разберат придобивките и конечно – да се прилагодат на новиот начин на работа.