Маск мора да плати 20 милиони долари и да го напушти местото претседател на Tesla

- Advertisement -

Пред неколку дена американската Комисија за хартии од вредност го обвини Илон Маск за измама и залажување на јавноста затоа што преку Twitter најави повлекување на компанијата од берзата, пти шро напиша дека на акционерите ќе им бидат понудени дури 420 долари по акција.

Во моментот кога Маск го напишал тоа бил убеден дека инвестицискиот фонд Public Investment Fund (PIF) од Дубаи, кој инвестира од името на тамошната влада, ќе инвестира во Tesla и ќе може да ја повлече компанијата од берза. Доколку и тоа не успеело, ќе ја искористел својата инвестиција во SpaceX, се разбира, со дозвола на одборот на компанијата. Но, фондот од Дубаи минатиот месец потврди дека инвестицијата нема да оди во Tesla, туку за електричниот седан Lucid Air.

- Advertisement -

По неговиот „твит“, кој како што се покажа не бил вистина бидејќи Маск не разговарал со ниеден инвеститор, скокна цената на акциите на компанијата, поради што шпекулантите, односно оние кои се обложуваат на падот на цената на акциите изгубија милиони долари.

Овој потег на Маск беше неодговорен и незаконски, па мораше да реагира и Комисијата за хартии од вредност на САД, но шефот на Teslа брзо се спогоди со нив и според спогодбата, ќе мора да отстапи од местото претседател на управата на Tesla. Исто така, ќе мора да плати 20 милиони долари казна (што не би требало да му претставува проблем затоа што богатството му се проценува на 20 милијарди долари), но позитивно за него е што ќе може да остане на местото извршен директор на компанијата.

- Advertisement -

Местото претседател на управата мора да го наушти во ро од 45 дена и не смее да ја врши та функција најмалку три години, а неговата позиција треба да ја заземе независен претседател. Иако цело време тврдеше дека не е виновен за тоа што го обвинуваат, според спогодбата, повеќе не смее да зборува за тоа бво јавност, односно не смее н иту да ја потврди ниту да ја негира својата вина за измамата.

Сподели!
- Advertisement -