Социјалните мрежи се одговорни за лошиот сон кај децата?!

- Advertisement -

Се повеќе деца страдаат од пореметување на сонот, а научниците тој проблем го врзуваат со користењето на социјалните медиуми и дигиталните уреди непосредно пред спиење. Напоменуваат дека претераното користење на Instagram, Snapchat, Facebook и Twitter може да се поврзе со развојот на некои ментални пореметувања од типот на депресија, пишуваат британските медиуми.

Според податоците на британскиот Државен завод за здравство, во последните шест години бројот на хоспитализирани деца со нарушување на сонот значително пораснал. Меѓу младите до 16 години во последните пет години тој број пораснал од 6.520 евидентирани на 9.429.

- Advertisement -

Поголемиот број проблеми со сонот кај децата е во спротивност со благиот пад на хоспитализација кај останати возрасни групи. Некои експерти сметаат дека не би требало да се демонизираат социјалните мрежи туку да се поучат родителите на сопствените деца да им постават граници кога е во прашање користењето на тие платформи.

„Сите знаеме дека синото светло од екраните на паметните телефони може да го поремети сонот, но мислам дека по бројни предупредувања, во овој случај за незаспаното дете е одговорен родителот“, вели експертот за дигитална детоксикација Тања Гудин, авторка на книгата „Stop Staring at Screens”.

- Advertisement -

И нејзината колешка Вики Досон ја истакнува важноста на правилата што ги наметнуваат родителите кога е во прашање одењето во кревет и некористењето на мобилните телефони пред спиење. „Навиката на одење во кревет во исто време и одредени ритуали се предуслов за квалитетен сон. На лошиот квалитет на сонот, покрај паметните телефони, може да влијае и лошата исхрана, на пример, јадењето слатки или енергетски пијалаци пред одење во кревет“ додава Досон.

- Advertisement -

„Меѓу децата денес владеат две епидемии кога е во прашање здравјето – гојазноста и менталните пореметувања, а тие доведуваат до пореметување на сонот. Отсекогаш сме верувале дека ненаспаноста е последица на гојазноста, но во последно време има се повеќе докази дека недоволниот сон влијае на таложењето килограми. Кога детето е недоволно наспано, организмот реагира со хормонален дисбаланс, кој може да влијае на апетитот и на чувството за глад. Значи кога децата се уморни и ненаспани, посегнуваа по нездрава храна“ вели Мајкл Фаркар,експерт за медицина на спиење и сон во лондонската детска болница „Евелина“.

Тој додава дека недоволниот сон може да придонесе за анксиозност. „На децата од најрана возраст им е потребна конзистентна рутина за повеќе работи. Постепеното намалување на активноста пред крајот на денот, при што треба да се намали и употребата на паметните телефони, особено пред одење на спиење е многу битно“.

Битно е на детето да му се постават одредени органичувања и да се следи на кој начин ги користи интернет-содржините. Ограничувањата и правилата се многу битни за поставување јасни граници и за учење на децата на самоконтрола, но не смеат да бидат единствен начин на одгледување. Битно е да се поттикнуваат здравите навики и да се даваат позитивни примери во семејството. Помала е веројатноста дека детето ќе развие еден вид зависност од социјалните медиуми ако е навикнато со родителите да оди на излети, заедно да играат игри и да се дружат во кругот на семејството.

Сподели!
- Advertisement -