Саем на мебел: „Копирањето е опасно – оригиналот е за восхит“

- Advertisement -

Во рамки на Саемот на мебеп 2018 во организација на Групација Скопски саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, УКИМ – Скопје ќе се одржи дебата „Копирањето е опасно – оригиналот е за восхит“. Дебатата ќе се одржи на 10.10.(среда) во Конгресен центар ВИП АРЕНА /Сала во Борис Трајковски од 12.00 до 14.00 часот.
Трибината го отвора прашањето ,,оригинал или копија“.

Организаторите велат: „Од осамостојувањето на РМ до денес Индустријата за производство на мебел претставува значајна гранка во стопанството на земјата. Во нејзиниот развој е забележан и прогресивен раст. Тоа се важни податоци, значи македонската индустрија за производство на мебел има потенцијал да стане една од најзначајните стопански гранки во земјава.

- Advertisement -

Сепак начинот на кој работат најголемиот број производствени претпријатија за мебел е по принципот на копирање на готов елемент мебел купен од друг производител од соседните земји, кој потоа се расклопува и се произведува. на овој начин се прават автентични копии на многу столови од европскиот пазар кај нас.

Што добиваме на овој начин? Добиваме копија која секој нареден пат кога ќе сакаме да ја продадеме на пазарот ќе се плашиме дали од некаде ќе ни стигне тужба за авторски права на дизајнот кој не е наш.
Со поддршка на дизајнот и професијата дизајнер на мебел и ентериер во стопанството, производителот добива многу повеќе. Добива ОРИГИНАЛ. Потоа тој оригинален производ може да го понуди во целата ЕУ“.

- Advertisement -

(Porta3.mk)

Сподели!
- Advertisement -