Замислете да можете да направите сами својот мобилен телефон. Токму со таа порака Алберт Гајшак, кој продаде повеќе од 6.000 MAKERbuino конзоли уште додека беше тинејџер и собра повеќе од 100.000 долари на Kickstarter, сега лансира нов проект на платформата за групно финансирање. Неговата нова идеја е да понуди телефон во посебен пакет кој ќе се користи за едукативни цели затоа што од него ќе можете да научите многу за електрониката и програмирањето на забавен начин.
Телефонот кој во Early Bid понуда на Kickstarter ќе може да се добие за 89 долари, е целосно функционален и ќе ви овозможи за него да програмирате во Рython, Arduin и Scrach, да инсталирате и да играте игри како „Змија“, „Понга“ и „Space Invaders“, да користите апликации како сопствениот или прилагоден плеер кој, како што вели Гајшак, репродуцира само видеофилмови со мачки.
Телефонот може да се прилагоди на сопствените потребни на бројни начини, а во текот на склопувањето ќе научите за електрониката , што прават отпорниците, како се леми, како функционираат мобилните телефон итн. За својот проект Гајшак и неговиот тим побараа 15.000 долари.
Во сетот ќе добиете MAKERphone печатена плоча или главна матична плоча, MAKERphone куќиште, екран од 128×160 пиксели, кој ќе ви овозможи пренос на разни броеви, имиња и играње игри, како и засилувачот на звук, антена и други компоненти, меѓу кои и SD kartica од 128 MB со претходно инсталирани видеоигри и и апликации.
Ако за 119 долари нарачате нов пакет, освен сетот, добивате и комплет алати потребни за сложување на MAKERphone, а за најмрзеливитте Гајшак на Kickstarter понуди пакет од 99 долари со кој го добиваат и веќе сложениот телефон.