На јубилејното, 25-то издание на Фестивалот Golden Drum, McCann Worldgroup по петти пат беше прогласена за најдобра агенциска мрежа, додека наградата Golden Drum Adriatic за најдобар регионален проект отиде во рацете на McCann Подгорица и McCann Белград за кампањата „Несакана“ (“Neželjena”). Овие престижни признанија уште еднаш ја потврдуваат водечката позиција на McCann агенциите во регионот.
„Годинешниот успех на фестивалот Golden Drum претставува уште една меѓународна потврда за квалитетот на нашето работење и тимовите во агенциите. Им благодарам на партнерите за нивната доверба и им честитам за освоените награди на овој Фестивал, но и на сите досегашни фестивалски достигнувања. Навистина сме горди што 5-ти пат по ред ја понесуваме титулата најдобра агенциска мрежа“, изјави Владимир Димовски, главен извршен директор на McCann Adriatic.
Проследете ја силната порака што ја носи кампањата „Несакана“ (“Neželjena”) овде: www.youtube.com/watch?v=LYpkbzsjsCg.
Во конкуренција од 1.200 пријавени проекти од 28 земји, меѓународното жири ја награди кампањата „Несакана“ („Neželjena”) со две златни и едно сребрено признание. Со вкупно 175 поени групацијата McCann Worldgroup ја освои наградата „Златна мрежа“ (Golden Net), со што ја поведе титулата Агенциска мрежа на годината.
Во листата на финалисти се најде и кампањата „The Red Thread”, осмислена за компанијата Coca-Cola.
Кампањите се резултат на интегриран пристап и реализација со блиска соработка со агенциите UM Подгорица за проектот „Несакана“ („Neželjena”) и UM Белград за проектот „The Red Thread”.
Фестивалот Golden Drum е еден од најважните меѓународни фестивали во адвертајзингот во кој традиционално учествуваат најдобрите агенции од светот. Оваа година во организација на Словенечката комора за адевертајзинг беше реализирана 25-тата јубилејна едиција на фестивалот.