Водечката хрватска биотехнолошка групација, Genos од Загреб, ја претстави најголемата научна иницијатива поркената во Хрватска од осамостојувањето. По примерот на Проектот за човечки геном (Human genome project), најголемиот колаборативен биолошки проект во историјата, преку кој по прв пат беше маширана човечката ДНК, а се создаде и цела нова индустрија – персонализираната медицина – Genos со повеќе од 200 научници од Универзитетот Харвард, Кинеската академија на науки, Медицинската школа Хановер, Универзитетот Грифит, Лондонскиот кралски колеџ, Швајцарскиот институ за биоинформатика и други институции од целиот свет го стартуваше Проектот за човечки гликан (Human Glycome Project; HGP).
Гордан Лауч, основач и директор на Genos и професорот на Харвард, Ричарг Камингс, кој е директор на HGP, велат дека целта им е да го опишат типичниот човечки гликан и сите негови варијации во телото. „Досега анализиравме гликани на 82.000 луѓе, но продолжуваме понатаму. Сакаме да ја откриеме тајната на животот, а за да можеме да го направиме тоа, мора да ја разбереме структурата и функцијата на гликаните. Genos веќе прави повеќе анализи на гликаните отколку сите останати лаборатории во светот“ велат тие.
Со овој потег одлучија да ги претркаат Американците во истражувањето на гликаните, затоа што тие го стартуваа Проектот за човечки геном, а дури сега сфаќаат дека гликаните се битни стартешки компоненти за разбирање и супешно лечење на болести.
Само во САД Проектот за човечки геном, во кој се инвестирани 3,8 милијарди долари, во последните 20 години доведе до создавање на 310.000 нови работни места и 796 милијарди долари економска корист. Новиот биотехнолошки проект, кој со партнерите го иницираше Genos, има слични планови како за финансирање, така и за влијанието што че го има врз дравите луѓе и врз развојот на економијата.
„Станува збор за истражување кое ќе биде поскапо од Проектот за човечки геном и ќе трае подолго, веројатно со децении“ вели Лауч.
Гликаните, наједноставно кажано, се она што недостига во персонализираната медицина за да биде навистина успешна. Проектот за човечки геном им откри на научниците дека гените не се единственото нешто што не одредува нас, нашата склоност кон болести и колку долго ќе живееме. Алката која недостига се бара во гликаните. Тие се составни елементи на протеините, односно на белковините кои служат за изградба на сите ткива во организмот од мозокот преку мускулите до срцето. Исто така, ја разградуваат храната, испраќаат сигнали до мозокот и ни ги придвижуваат мускулите. Додека гените одредуваат како ќе изгледаат протеините, на тоа како ќе изгледаат гликаните влијае, меѓу другото, околината и животниот стил на секој од нас.
Genos е светски лидер во анализата на гликаните и е водечка лабораторија за ДНК тестирања во регионот. Компанијата е основана во 2007 година како академски стартап, а се претвори во групација која нуди широк распон на ДНК услуги од класични тестирања како тест за татковство до првиот сопствено развиен гликански производ – тестот за биолошка возраст GlycanAge, кој Genos го претстави на почетокот на годинава.