Покрај многубројните држави во кои извезува, Макпрогрес започна со извоз и во Јужна Кореја. Нова земја каде потрошувачите може да вкусат од македонските производи на Винчини. Овој успех се должи благодарение на квалитетот и прифатливите цени на производите и секако на развојната стратегија на компанијата да оствари диверзифициран пласман во што поголем број на земји.
Јужна Кореја е последната земја на светската извозна мапа на Макпрогрес Виница, која во моментов своите препознатливи брендови ги пласира во преку 55 држави во светот.
„Со денешниот амбиент за раст и развој на бизнисот, како и променливоста на пазарните услови или ќе одберете да се развивате, да растете и да одите напред, освојувајќи нови пазари или ќе се движите наназад. Макпрогрес отсекогаш се охрабрувал на чекори и остварува деловни предизвици кои возбудуваат и нудат пласман на пазари со економски текови сосема различни од локалните“ – изјавиja од извозниот сектор на Макпрогрес доо Виница.
Макпрогрес повторно го потврдува својот епитет на една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.