Владата воведува дополнителен данок од 8 проценти за приходи над 90 илјади денари

- Advertisement -

Министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција во Владата најави реформа за праведен данок за подобрување на економијата и животот на граѓаните. Со неа се предлага воведување дополнителна стапка од 8 процени за доход кој надминува 90 илјади денари месечно.

,,Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценит за доход кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илјади денари го избравме бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкупното население”, рече Тевдовски.

- Advertisement -

Освен оваа промена, тој најави зголемување на даночното ослободување на платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно. Со тоа се намалува ефективната даночна стапка за лицата кои остваруваат доход од плати и пензии.

,,Со оваа реформа очекуваме да обезбедиме 25 милиони евра – средства кои ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата”, истакна министерот за финансии.

- Advertisement -

Рамниот данок беше карактеристика за поранешните социјалистички држави, но и тие го напуштаат. Албанија го замени рамниот со прогресивен во 2014 година и оттогаш бележи одлични резултати. Корист од рамен данок имаат само најбогатите, тој беше донесен во Македонија за да им служи на неколкумина. Праведниот данок и оди во прилог на целата економија и на сите граѓани, додаде Тевдовски.

Сподели!
- Advertisement -