Отворен ден во Млекара Битола по повод Светскиот ден на млекото

- Advertisement -

Битолска млекара организираше „отворен ден“ за своите лојални потрошувачи и за сите заинтересирани граѓани со цел одбележување на Светскиот ден на квалитетот, кој оваа година се прослави на 8 ноември.

Големиот број посетители, како и студенти од Биотехничкиот факултет во Битола, имаа можност одблизу да го запознаат процесот на производство на млекото и различните млечни производи од портфолиото на Бимилк и истовремено да се едуцираат како вистински да го препознаат квалитетот што секојдневно го консумираат.

„Како лидери во млечната индустрија, наша обврска и должност е да ги едуцираме нашите потрошувачи и, всушност, целта на овој ’отворен ден‘ е да ги одговориме сите прашања и дилеми со кои би можеле тие да се соочуваат, со цел да ја зајакнеме и да ја одржиме нивната доверба“, изјави Александар Мано, директор на фабриката во Бимилк.

- Advertisement -

Меѓународниот ден на квалитетот секоја година се одбележува под различна тема, а годинешниот фокус беше ставен токму на „довербата“, во смисла градење и одржување доверба кон сите засегнати страни: клиентите, добавувачите, вработените, регулаторите, акционерите и општеството.

- Advertisement -

Токму во таа насока, пред своите верни потрошувачи, Бимилк транспарентно ја потенцираше улогата што ја игра во целиот процес на млекопроизводството.

 

- Advertisement -

„Под поимот ’квалитет‘, во Бимилк ги подразбираме сите процеси на работењето на компанијата, а Системите за управување со квалитетот се поставени на тој начин што ќе овозможуваат следење на сите процеси и активности, почнувајќи од самата набавка на сирово млеко, преку производство, па сè до дистрибуцијата и продажбата. Согласно стандардите што ги имаме имплементирано и сертифицирано, ние сме обврзани и со постојано унапредување на ефикасноста на тие системи, со цел да гарантираме квалитетен и безбеден производ“, додаде Мано.

За време на обиколката, потрошувачите имаа можност да ги дегустираат млечните производи, но и да го видат целиот производствен пат што го поминува млекото, почнувајќи од приемот на сирово млеко во млекарницата, преку хемиска и микробиолошка контрола во интерната лабораторијата, па сè до пакување на производите и нивно складирање во магацините пред тие да се најдат во продажните објекти.

Инаку, Бимилк соработува со повеќе од 1.400 фармери од цела Македонија и дневно преработува над 140.000 литри млеко, што компанијата ја позиционира на врвот на млечниот пазар во Македонија, секојдневно задоволувајќи ги потребите на повеќе од милион задоволни потрошувачи.

Сподели!
- Advertisement -