Нови PopUp курсеви во Brainster: Научи 1 вештина за 1 ден!

- Advertisement -

Дигиталната ера расте со брзо темпо, па Brainster повторно воведува нов концепт – focused learning.Денес ги лансира еднодневните PopUp курсеви, на кои секој може да научи 1 вештина за 1 попладне.

Во новите канцеларии на Brainster, секој понеделник ќе се огранизираат работилници со времетраење од 4 часа. По завршувањето секој учесник ќе понесе нешто дома темплејт, практична вештина, концепт, идеја.

“На тебе оставаме дали со она што ќе го научиш кај нас, ќе го лансираш следниот најлуд стартап или пак ќе започнеш да ја работиш работата од соништата.”

- Advertisement -

Како изгледа еден PopUp курс?

Со оваа програма се фокусираат на едуцирање во различни дигитални области кои се во моментов актуелни. Целта е преку практични примери и интерактивни сесии со нивните најдобри инструктори за 1 попладне:

- Advertisement -

✓  Да научиш 1 вештина

✓ Да запознаеш нови луѓе и размениш идеи

- Advertisement -

✓ Да останеш во тек со дигиталните трендови

✓ Да заштедиш време преку ефикасно учење

✓ Да се инспирираш за следниот твој голем проект

✓ Да откриеш во што си добар

За кого се наменети PopUp курсевите?

За сите кои сакаат да стекнат практични вештини од областа на маркетинг, бизнис, програмирање и дизајн, брзо и ефикасно. За професионалци, студенти, индивидуалци или за компании.

Компаниите ќе имаат можност месечно да ги претплатат своите вработени за овие предавања и да им подарат по 1 нова вештина секоја недела.

Започнуваат со:

3 продажни техники со Петар Лазаров  

Напиши го твојот прв код: HTML & CSS  за почетници

LinkedIn маркетинг

Регистрирај се тука за PopUp Курсеви.

 

Сподели!
- Advertisement -