Луѓето што живеат во земји со помалку сончeва светлина и пониски температури пијат повеќе алкохол отколку тие во потоплите региони. Едно истражување откри врска меѓу просечната температура и сончевата светлина и консумацијата на алкохол. Исто така, откри дека жителите во поладни, потемни земји имаат најголема веројатност да почнат да пијат, а Британците се најголемите престапници кога станува збор за преголемата консумација на алкохол.
Истражувањето на Истражувачкиот центар за црн дроб во Питсбург вклучувало податоци од 193 земји и открило докази дека климата е врзана со болестите на црниот дроб. Ова е првото истражување кое систематски покажува дека на глобално ниво и во Америка во поладните региони и регионите со помалку сончеви денови повеќе се пие и има повеќе цирози на црн дроб предизвикани од претерана консумација на алкохол.
Можеби тоа е така затоа што алкохолот е вазодилатор, односно ги олабавува крвните садови и го зголемува протокот на топла крв низ нив до кожата. Пиењето се врзува и за депресија, која е поретка појава кога има повеќе сончеви денови. За истражувањето се користеле податоци од Светската здравствена организација И Светската метеоролошка организација. Доказите за поврзаноста на претераното пиење алкохол и климатските услови следуваат откако Светската здравствена организација презентираше нови податоци за консумацијата на алкохол на самит во Единбург.