Ова се најдобрите земји за привлекување таленти!

- Advertisement -

Било да сакате да ги развивате своите вештини или да се опкружите со колеги кои ќе ве инспирираат, треба да размислите за живот во одредени земји во Европа. Истражувањето на бизнис школата IMD покажа дека европските држави се подобри за развивање бизнис и за привлекување таленти отколку кој било регион во светот.

Веќе петта година по ред Швајцарија е на прво место на ранг листата на светските таленти (World Talent Ranking) благодарение на големите инвестиции во образование и обуки. На листата ја следат Данска, Норвешка, Австрија и Холандија.

- Advertisement -

Канада, која е рангирана на шесто место, е единствената нација меѓу топ 10 која не се наоѓа во Европа. Првата десетка ја заокружуваат Финска, Шведска, Луксембург и Германија.

САД (12 место), Австралија (14 место) и Велика Британија (23 место) не се најдоа меѓу првите места на листата со 63 држави рангирани врз основа на спсобноста за развој, привлекување и задржување на таленти. Сингапур, на 13-тата позиција најдобрата држава за талентирани работници.

Сподели!
- Advertisement -