Aдора Инженеринг доби награда за најдобри општествено одговорни проекти за Адора Diamond Garden

- Advertisement -

Адора инженеринг, компанија која досега има добиено 16 национални награди за најдобри општествено одговорни практики, на годинешното 11-то доделување, од министерството за економија го доби највисокото признание-статуетка за заштита на животната средина за проектот „Најголемата внатрешна градина во Европа“, за најновиот објект Адора Diamond Garden во Скопје. Во компанијата, пионер во воведувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија од 2006-та година, кога тоа сеуште законски не беше регулирано кај нас, велат дека 8-мата национална награда за изградба на еко домовите им е особено драга бидејќи таа е потврда дека е препознаена и валоризирана 12 годишна заложба на Адора за постојано унапредување на зелените домовите во Македонија, како современ тренд во урбаната архитектура во светот. 

- Advertisement -

„Годинава меѓу најуспешните македонски општествено одговорни претпријатија не вброи наградениот проект „Најголемата внатрешна градина за зелено домување во Европа“, каде станарите покрај топлинскиот и акустичен комфор, уживаат во амбиент кој е оплеменет со 5,5 тони растенија од природно потекло, што ја озеленува целата вертикална висина и сите хорзонтални нивоа во двата атриуми во објектот Адора Diamond Garden. Растенијата во оваа внатрешна градина за домување се третирани со целосно еколошки процес, за што обезбедивме иделна микро клима, што е научно потврдено со испитувањето на квалитетот на воздухот од страна на теренската лабораторија на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Горди сме на националната награда за зелените домови во Diamond Garden, објект кој го воведе  Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа, за што добивме и интернационална награда, а на станарите им овозможивме современ концепт на релаксирано, интимно и хумано домување, што тие го заслужуваат“. – изјави Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг, кој порача дека Адора ќе продолжи со развивање на општествено одговорните проекти за изградба на похумано и порамноправно општество, за што компанијата доби и благодарница за проектот „Заедно до врвот“ за вложување во заедницата.

Адора инженеринг која 16 години е синоним за изградба на безбедни, висококвалитетни, економични и комфорни домови, последните години со посебен акцент на модерниот дизајн во домувањето, е препознатлива по традицијата на корпоративна општествена одговорност и преку фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -