Властите на Пекинг дадоа зелено светло за почеток на имплементацијата на проектот за изградба на првата подводна метро мрежа во светото. Oваа линија би требало да ги поврзува Нингбо, крајбрежен град јужно од Шангај со Жушан, архипелаг на источниот брег.
Предложениот подводен тунел ќе биде составен од 77 км долг железнички план Јонг0Жу, со што се настојува да се унапреди туристичката понуда на градот и да се создаде брз конекција со провинцијата Жеџианг.
Иако првичната идеја за проектот постои уште од 2005 година, градењето на ЈонгЖу беше одобренa дури во ноември годинава.
По завршувањето на изградбата, по шините на железницата Јонг-Жу ќе се движат брзи возови, кои ќе можат да достигнат максимална брзина од 250 км/ч.
Возовите ќе пренесуваат патници од Хангжу, главниот град на Жеџианг, до Жушан за неверојатни 80 минути. Моментално тоа патување трае околу 4,5 часа со автобус или 2,5 часа со автомобил.
За целата рута е планирано да има седум станици, вклучувајќи четири нови и три редизајнирани. Покрај подводниот тунел, ќе бидат изградени и посебни мостови за поврзување на деловите од архипелагот.
Целиот проект ќе чини 3,6 милијарди долари, а почетокот на изградбата е планиран за идната година. Планирано е изградбата да заврши во 2025 година.