Овој паркинг за велосипеди ја претвора енергијата која ја произведуваат велосипедистите во електрична енергија, која ја користи целото соседство. Системот S Park вклучува предно велосипедско тркало со батерии, каде што се складира енергијата која се создава во текот на возењето на велосипедот и при кочењето.
Кога ќе се паркира велосипедот, S Park ја апсорбира енергијата создадена од велосипедите и ја редистрибуира во електричната мрежа во соседството. Според дизајнерите на системот, 30 велосипеди можат да генерираат еден килова-час струја дневно.
Градот Амстердам си зададе цел една четвртина од електричната енергија која ја користи до 2025 година да биде генерирана на одржлив начин. Тоа го подигна предизвикот за создавање одржлива енергија на ново ниво и почна вистински натпревар за иновативни дизајни. S Park го создадоа дизајнерите Гијом Рукомовски и Блаж Верњак. Системот кој го предложија е во согласност со велосипедската култура на градот.
Bike rack harvests clean energy from cycle commuters
This bike rack would turn energy produced by cyclists into electricity for the neighbourhood.
Posted by Startup Selfie on Понеделник, 03 декември 2018