Адора Инженеринг доби национално признание за Македонски квалитет 2018

- Advertisement -

Градежната компанија Адора инженеринг денес од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов доби национално признание за македонски квалитет 2018, што четврта година по ред го доделува Сојузот на Стопански комори на македонските претставници кои имаат традиција во создавање и одржување национален бренд. На манифестацијата Македонски квалитет, признанието го прими основачот и генерален директор на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

„Ова престижно признание, кое е дел од 40-тината национални и интернационални награди што ги има добиено Адора инженеринг во 17 годишното работење како предводник во високата градба, особено ни значи. Со него уште еднаш се валоризира долгорочната посветеност на целиот наш тим на создавање градби со траен квалитет, современи стандарди, светски трендови и иновативни решенија за квалитетно, стабилно, зелено, економично, здраво и хумано домување, по што Адора е препознатлива на македонскиот пазар на недвижности и во светот“-порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.

- Advertisement -

„Зад ова признание стои напорна работа, верба и визија за промоција на македонскиот квалитет. Признанието е дополнителен поттик за десетте добитници да продолжат да се развиваат, да вложуваат во својот развој и напредок и да работат на својот квалитет. Тие се веќе препознатливи брендови и на меѓународниот пазар, а нивниот успех е успех на Република Македонија“-порача претседателот на Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, покровител на манифестацијата.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Адора инженеринг со националното признание Македонски квалитет 2018, заокружува успешна година, која освен по завршувањето на нови уникатни објекти за домување во Скопје, ќе остане забележана и по големиот број добиени национални и интернационални награди, кои се потврда за оваа успешна  македонска градителска приказна.

 

Сподели!
- Advertisement -