Со помош на оваа апликација ќе дознаете дали имате анемија од обична фотографија од ноктите на рацете

- Advertisement -

Тестовите за анемија, состојба кога постојано сте уморни и злаби затоа што немате доволно кислород во крвта, вообичаено значат одење во лабораторија и боцкање со игли. Но, сега докторите измислија нов начин да се провери дали имате ваква состојба со помош на фотографија од смартфон.

Ова особено може да биде корисно во оние делови од светот каде што нема медицинска помош или болниците се на поголемо растојание. Во некои делови од Африка и Азија, на пример, има толку слаба здравствена инфраструктура, но има добра покриеност со мобилни мрежи и Интернет.

- Advertisement -

Докторите користат посебен алгоритам за да ги анализираат фотографиите од ноктите. Навистина функционира од повеќе причини. Пред неколку години ова не би било невозможно затоа што камерите на телефоните не беа толку добри, а сега има и повеќе податоци на телефоните. Алгоритамот прави фотографија заедно со метаподатоци како бои и осветлување, а потоа ја анализира врз основа на тоа што го научил од други слични фотографии за да го процени нивото на црвени крвни клетки. Со тек на време, како што алгоритамот учи, ќе се подобрува.

Се уште не е прецизен како тест на крвта и не може да замени докторска дијагноза, но може да помогне да се утврди дали некој е сериозно и малку анемичен. Бидејќи се покажа дека функционира, истражувачите можат да ја нарават апликацијата уште полесна за користење и планираат да ја пуштат во употреба идната година.

Сподели!
- Advertisement -