Јапонија ќе заработи 15 милијарди долари од Олимписките игри

- Advertisement -

Токио е подгoтвен за почетокот на Летните олимписки игри во 2020 година, а проценките на организаторите се дека Земјата на игрејсонцето од најголемиот спортски настан во светот ќе заработи речиси 15 милијарди долари.

Целата јапонска престолнина е во знакот на Олиписките игри, а наголемо се работи на изградбата на Олипиското село, на стадионите, но и на реконструкцијата на постојните објекти, па организаторите се надеваат дека се ќе биде готово до летото 2019 година.

- Advertisement -

Според нивните проценки, организацијата на Олимписките игри го чини Токио и владата на Јапонија околу 12,6 милијарди долари. Сепак, во споредба со проектираната заработка од околу 27 милијарди долари, инвестицијата не претставува некој голем трошок за земјата.

ЗАдоволни се како течат подготовките, а според некои предвидувања, за Олимписките и за Параолимписките игри ќе бидат продадени повеќе од 10 милиони билети. Добар дел од работата за Олимписките игри ќе ја вршат волонтери – се очекува да ги има околу 80.000, а досега се имаат пријавено повеќе од 100.000 луѓе. .

- Advertisement -

Она што е сигурно дека ќе ги издвои Олимписките игри во Токио од останатите се најновите технолошки достигнувања. Така, добри и услужни домаќини ќе бидат роботите. Тие ќе ги услужуваат посетителите, но и ќе им помагаат на учесниците полесно да се снаоѓаат, а ќе работат и како преведувачи. СЕ зборува и дека луѓето за време на Олимписките игри ќе ги превезуваат беспилотни возила, иако нема официјална потврда. Се очекува дека за време на самите Олимписки игри во Токио ќе бидат отворени околу 2 милиони работни места.

Сподели!
- Advertisement -