Од 1 јануари Њујорк забрани употреба на стиропор

- Advertisement -

Њујорк официјално забрани употреба на амбалажа за храна и пијалаци направена од стиропор. Почнувајќи од 1 јануари годинава во градот стапија на сила новите правила по пет години лобирање. Во 2013 година градскиот совет дозволи статут со кој се забранува рестораните, продавачите на храна и продавниците да поседуваат, да продаваат или да нудат садови за храна и пијалоци направени од стиропор.

Иако новите мерки стапија на сила на 1 јануари, компаниите ќе имаат период од шест месеци за да ги направат неопходните промени пред санитарните инспекции да почнат да ја спроведуваат забраната. После 30 јуни сите коишто ќе ги прекршат новите правила ќе се соочат со казна од 250 долари за првиот прекршок.

- Advertisement -

Во очекување на новите правила многу ресторани и продавници за храна веќе ги исфрлија од употреба садовите од стиропор и се префрлија на поеколошки алтернативи. Некои го заменија стиропорот со алиминиум, хартија која може да се компостира или пластика кој лесно се рециклира.

Откако се појавија на пазарот во 1970-тите години, садовите за храна и пијалаци направени од стиропор се голем еколошки проблем затоа што лесно се кршат и распаѓаат, што значи дека ситни делчиња од нив завршуваат на улиците, во парковите, на плажите.

- Advertisement -

За да биде проблемот уште посериозен, стиропорот може да си го најде патот и во канализацијата, па да стигне до локалните извори на вода, каде што рибите или птиците можат да го голтнат мислејќи дека е храна. А ако дојде до депонија, потребна е повеќе од една деценија за да се разложи. Сепак, компаниите кои имаат годишни приходи помали од 500.000 долари кои нема да можат да најдат соодветна замена за стиропорот, можат да побараат да бидат исклучени од забраната.

Сподели!
- Advertisement -