Хрватска го доби првиот ресторан кој на луѓето кои не можат да платат им ја подарува храната

- Advertisement -

Дваесет и едногодишната претприемачка Дора Вукшиќ отвори ресторан за брза храна во Нова Градишка. Тој ресторан е првиот во Хрватска кој ја подарува храната на оние коишто не можат да ја платат.

„На Facebook ни кажуваат дека, на пример, сакаат палачинка. Ние ја приготвуваме и пишуваме за кого е. Пред да дојде таа личност, ние ја плаќаме палачинката, а сметката останува кај нас. Луѓето само си ја земаат храната“ објаснува Дора.

- Advertisement -

Добредојдени се сите што се гладни, а вработените во ресторанот им гарантираат дека ќе останат анонимни. „Најголем дел од луѓето се јавуваат по телефон или не контактираат преку профилот на Facebook. Досега имавме десетина, но очекувавме поголем број. Веројатно им е срам на луѓето“ додава Дора.

Во ресторанот има четворица вработени и сите, вклучувајќи ја и Дора, имаат исти минимални плати. Штом ќе им дозволат можностите, Дора вели дека прво на сите други ќе им ја зголеми платата, а потоа себеси. Таа објаснува дека уште се навикнува на фактот дека е претприемач.

- Advertisement -

„Се навикнувам на тоа дека имам печат и дека постојано морам да го носам во чанта. Но, среќна сум затоа што знам дека работам за себеси и знам дека ќе се исплати“ заклучува Дора.

Сподели!
- Advertisement -