Милјардерот Ричар Бренсон се впушти во неверојатна мисија и пронајде непријатно изненадување
Сината дупка во Големиот корален гребен која се наоѓа во Белизе ја откри својата тајна. Станува збор за голема шуплина на морското дно отворена кон површината. Опкружена е со мали острови направени од корален материјал. Таа е втора најдлабока морска дупка во светот после Змејовата дупка во Јужното кинеско море.
Оралниот гребен на Белизе е витално активно риболовно подрачје и најголема туристичка атракција која годишно ја посетуваат 260.000 нуркачи.
Мијардерот Бренсон неодамна со својот тим учествуваше во нуркање до дното и непријатно се изненади затоа што таму најдоа пластични шишиња. Тимот нуркачи се спушти со подморница до дното, а тоа беше емитувано на каналот Discovery.
Освен пластичните шишиња, на дното на Сината дупка се наоѓаа и остатоци од ракови и други морски животни кои потонале на дното.