Лондонскиот аеродром Хитроу и понатаму е најпрометниот аеродром во Европа

- Advertisement -

Најголемиот аеродром во Лондон, „Хитроу“, и понатаму цврсто стои на лидерската позиција на листата со најпрометни аеродроми во светот. Со повеќе од 80 милиони патници годишно, зад себе го остави парискиот „Шарл де Гол“, кој оствари промет од 72,2 милиони патници, пишува Bloomberg.

На листата со најпрометни аеродроми се приклучи и московскиот „Шереметјево“, кој благодарение на зголемениот број патници за време на светското фудбалско првенство  го истурка од третата позиција римскиот „Фиумичино“. Мундијалот привлече повеќе од 5 милиони патници, а речиси половина од нив патуваа токму преку Москва, па затоа и аеродромот оствари најголем раст на бројот на патници од 14,3%

- Advertisement -

Од  друга страна, францускиот „Шарл де Гол“, амстердамскиот „Шипхол“ и франкфуртскиот аеродром остварија најголем раст во последните 23 години и покажаа дека успеаја да се опорават од губењето на компанијата Air Berlin во 2016 година.

Нареден на листата е истанбулскиот аеродром „Ататурк“, па следуваат мадридскиот „Адолфо Суарез“, аеродромот „Ел Прат“ во Барселона, лондонски „Гетвик“, Интернационалниот аеродром во Минхен и листата со топ 10 најпроменти аеродроми во светот ја заокружува аеродромот „Фиумичино – Леонардо да Винчи“ во Рим.

Сподели!
- Advertisement -