Финска е број еден дестинација која треба да ја посетите во 2019 година

- Advertisement -

Според Обединетите нации, оваа земја е најсреќната земја во светот, а според Business Insider, задолжително треба да се најде на првото место на вашиот список со туристички детинации за годинава. Оваа скандинавска земја изобилува со одлична храна, модерни хотели и природа која ќе ви го одземен здивот.

Финците навистина уживаат во храната, а меѓу традиционалната храна која можете да ја пробате таму е месото од елен и вкусните арктички малини. На лето Финците обожаваат да прават скара и да ги печат традицоналните фински колбаси „грилимакра“. Голем дел од нивната исхрана заземаат и рибите – од чаден лосос до пити со риба.

- Advertisement -

Можеби најдобриот дел од патувањето во Финска е изборот на место за спиење. Поларната светлина е најпопуларната тракција во Финска, па низ целата земја можете да најдете стаклени иглоа во кои ќе преспиете и ќе ја видите поларната светлина. Доколку, пак, го сакате студот и снегот, тогаш можете да посетите некој леден замок направен од мраз. Можете и да преспиете во хотел направен целосно од мраз.

Друг неконвенционален хотел се светларниците, кои може да се најдат низ целата земја и ако не се користат, најчесто се претворени во удобни и модерни хотели. Сауните исто така се голем дел од финската култура – во малите градови има повеќе сауни отколку автомобили. Можете да се возите со жичарница каде што наместо кабини имате сауни или да се возите на луда железница каде што наместо седишта има соби за сауна.

Сподели!
- Advertisement -