Во кафуле во Будимпешта роботи служат пијалаци и разговараат со гостите

- Advertisement -

Во кафулето Enjoy во Будимпешта роботи прават се – носат храна и пијалаци, раскажуваат вицеви, играат со децата и разговараат со гостите. Во кафулето кое го отвори компанија E-Szoftverfejleszto во центарот на унгарката престолнина цела екипа роботи помага јавноста да се зближи со технолошките достигнувања во автоматизацијата и вештачката интелигенција. 

Роботите-келнери се движат по означени патеки додека носат храна и пијалаци за гостите, кои не смеат да им застануваат на патот. Некои роботи служат за забава, како што е рецепционерката Pepper, која разговара со гостите, но ако посакаат може и да танцува со нив. 

- Advertisement -

Pepper ја разви јапонската компанија Softbank, а морала да биде модификувана за да може да ги слуша гостите во бучното кафуле. Судејќи според онлајн коментарите, на гостите им се допаѓаат лудориите на Pepрer и немаат замерки на услугите на нејзините колеги роботи. 

И покрај стравот дека се поголемата автоматизација и развојот на вештачката интелигенција ќе им ја земат работата на луѓето, роботите во кафулето во Будимпешта не ја одземаат никому работата. „Всушност, вработивме двапати повеќе луѓе отколку порано затоа што за 16 до 20 роботи да работат од 9 наутро до 21 часот мора да имате експерти во позадина” велат од Enjoy.

Сподели!
- Advertisement -