„Иновативност“ во посета на двете најголеми израелски компании за сајбер технологии

- Advertisement -

 

Верица Јорданова известува од Тел Авив, Израел

- Advertisement -

Фото – Верица Јорданова

Светот денес е толку конектиран што е речиси невозможно нечии податоци да бидат апсолутно безбедни! Потенцијални жртви на сајбер напади сме буквално сите, но најголемата закана секако е насочена кон компаниите и владите ширум светот кои располагаат со голема количина на важни и чувствителни податоци. Колку е голема оваа индустрија за заштита од сајбер напади колку е развиен пазарот на нелегална трговија со украдени податоци на т.н. deep web случнавме од прва рака од првите луѓе на двете најголеми израелски компании за развој на сајбер технлогии, Check Point во Тел Авив и Cyber Ark лоцирана во градот Петах Тиква во близина на Тел Авив.  Oвие две компании се двете најголеми и најуспешни од вкупно 500 во Израел кои развиваат иновативни сајбер технологии.  Тие обезбедуваат сајбер заштита за најголем дел од компаниите и владите ширум светот. Токму затоа оваа индустрија е една од најбрзо растечките во земјата.

- Advertisement -
Одед Вануну, директор на одделот за истражување на ризици

Во Check Point, компанија со над 10.000 клиенти и канцеларии во над 70 земји ширум светот имавме уникатна можност да разговараме со еден од најдобрите хакери во светот, чија што задача е да го користи хакирање за да ги открива новите форми на хакерски напади, да превенираат напади и врз основа на добиените сознанија да креираат нови продукти за заштита од новите типови на сајбер закани. Овие хакери се нарекуваат „white hat“ хакери.  Одет Вануну заедно со својот тим на хакери откриваат како всушност работат хакерските групи ширум светот, превенираат напади, вклучуваат црвени аларми и постојано развиваат нови сајбер продукти за заштита кои ги следат промените на самите хакерски напади.

“Во широкиот пејсаж на сајбер закани може да кажам дека главна улога имаат владите на повеќето земји кои се најголеми субјекти кои ја развиваат сајбер индустријата во светот. Денеска владините буџети за оружје се префрлија во буџети за сајбер безбедност. Притоа сакам да потенцирам дека владите, особено на најмоќните земји, инвестираат не само во системи за сајбер заштита туку во системи за сајбер напади кои денеска стануваат многу моќно оружје“, вели Вануну.

- Advertisement -

46% од сите компании во светот беа погодени од некаква сајбер закана минатата година

Она што е уште позастрашувачки е фактот дека сајбер криминалците и напаѓачите не се поединци кои седат во некоја гаража и се обидуваат да украдат податоци, туку моќни организирани групи кои многу добро знаат што прават.  Тој вели ова не е фикција, туку реалност која секојдневно се случува. Пример, неодамнешниот безбедносен проблем на апликацијата WhatsApp изложи на голем ризик милиони корисници. Податоците денес се највредната работа и затоа најголем дел од хакерите секојдневно бараат начин како да украдат огромна количина на податоци и потоа да ги продадат на посебен, нелегален пазар познат како „dark web“ и „deep web“.

Она од што најголем дел од новинарите останавме шокирани беа примерите како хакерите влегуваат во некој систем. Пример, симнувањето превод за филмови од некоја апликација хакерите го користат за влез во компјутер од кој крадат податоци. Друг пример се робот- правосмукалките во кои неодамна е откриен чип со кој сајбер напаѓачите влегуваат и снимаат се што има во вашиот дом или канцеларија. Со оглед на тоа дека денеска системите се хибридни и најголем дел од луѓето користат и лични и професионални податоци во истовреме, преку оваа правосмукалка која би користеле дома на пример, ја загрозувате и работата и безбедноста на компанијата во која работите.

Шокирачко беше сознанието што всушност се случува во позадина на екстра популарната видео игра Fortnite. Оваа игра хакерите ја користат да земат податоци од недоволно заштитени уреди и преку купо-продажба на виртуелната валута на Fortnite наречена V-bucks всушност перат голема количина нелегални пари.

 

Не постои 100% сајбер заштита!

„Константно иновираме за да ги заштитите нашите клиенти најдобро што можеме затоа што апсолутна сајбер заштта на постои! Ние се трудиме нападите и штетите да бидат како мала настинка и да не дозволиме често да се повторуваат. Компаниите мора да разберат дека сајбер безбедноста е групен спорт. Мора да има координација и комбинација  на сите форми и начини на заштита , како и континуирана обука за вработените. Факт е дека во секоја организација најслаба карика за безбедноста на инофрмациите се луѓето.“, изјави Уди Мокаду, главен извршен директор на Cyber Ark, компанија чии што услуги ги користат 4.500 компании од светот , голем дел од нив компании од листата Fortune 500.

Уди Мокаду, главен извршен директор на Cyber Ark

За да го држат чекорот со најновите трендови и да го задржат епитетот иновативна компанија за сајбер заштита,  Cyber Ark аквизираше 4 стартап компании, со чија помош го забрзуваат растот на компанијата. Три од нив се од Израел, една е од САД и во нив се одвиваат најголем дел од активностите за истражување и развој.

 

36% од сите потрошувачи ширум светот имаа кражба на некој податок

На прашањето од каде е најголема побарувачката за сајбер заштита, тој вели дека израелската растечка економија е голем побарувач за сајбер безбедност, но расте интересот од азиски компании и од САД.

Освен што е најголем провајдер на производи за сајбер безбедност, Израел е  дом на центрите за истражување и развој на Microsoft, City Bank, Amazon, Dell и многу, многу други светски гиганти, кои го користат врвното знаење, квалитетен кадар и иновативна култура на земјата за да ги подобрат своите перформанси и продукти од акспект на сајбер безбедност.

Сподели!
- Advertisement -