Производителот на луксузната лимузина на Путин почна да прима нарачки од клиенти. Трговците со рускиот автомобил „аурус“ од 15 февруари ќе почнат да примаат нарачки за лумузината и седум седан возила, соопшти руското Министерство за индустрија и трговија.
Руските трговци со автомобилите „авилион“ и „панавто“, официјалните трговски партнери на автомобилската линија „аурус“, ќе примаат нарачки за купување возила кои се развиени за потребите на рускиот претседател.
Купувачите ќе можат да го резервираат истиот автомобил што го поседува претседателот Владимир Путин, а тоа е рускиот „аурус сенат лимузина L700“, како и неговата седан верзија „аурус сенат S600“.
„Заинтересираните клиенти ќе имаат прилика директно да контактираат со официјалните партнери на брендот“ изјавија од руското Министерство за индустрија и трговија. Првите луксузни автомобили ќе се продаваат во Русија, а потоа ќе се пласираат и на глобалниот пазар. Возилата ќе се извезуваат во шест региони во светот.
Компанијата сака до 2021 година да почне со производство на до 6.000 автомобили „аурус“ годишно. „Аурус“ е комбинација од ознаката за злато Au (на латински aurum) и скратеницата i skraćenice „рус“ за Русија. Името е создадено во текот на проектот за изработка на претседателската лумизина со назив „кортеж”.
По дебито на автомобилот во текот на церемонијата на Путин за полагање на заклетвата за претседател во 2018 година, рускиот претседател предложи автомобилската линија да стане достапна за луѓето со секакви примања, вклучувајќи ги и тие од средната класа. Оттогаш претседателската лимузина привлече големо внимание при патувањата на рускиот лидер, меѓу кои самитот G20 во Аргентина и посетата на Полска, каде што се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.